Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека нема да има „бетонско чудовиште“ во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
orce

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела вода, Орце Ѓорѓиевски, во денешното предизборно соочување со останатите кандидати за градоначалници во Телевизија 24, му посочи на Филип Темелковски кандидатот за градоначалник на СДСМ, дека во населеното место Расадник предвидел 99 згради според ДУП-от, а за разлика од него, со програмата на ВМРО-ДПМНЕ се предвидува конкурс за ново идејно решение, како и формирање на партиципативен Совет на граѓани кои се засегнати од овој проблем, за негово конечно решавање.

— реклама —

-Во однос на Расадник, нашиот став е јасен, ние во нашата програма предвидуваме конкурс за идејно решение, по којшто ќе биде избрано идејното решение или начинот на кој Расадник ќе се гради, посочи Ѓеорѓиевски.

Тој истакна дека освен конкурсот за идејно решение се предвидува и партиципативно тело, односно Совет, кој е законски дозволив, во кој ќе партиципираат граѓаните на Расадник, сопствениците на парцелите, сите општествени чинители, но и граѓаните од околните населби кои се засегнати од овој проблем со ДУП-от.

— реклама —

-Она кое се предвидува од господинот Темелковски е едно големо бетонско чудовиште, за кое тој не знае точно колку згради се предвидуваат таму, но денеска имаме и документи согласно планот кој е пуштен во сите институции, без јавна анкета има предвидено во Расадник бруто развиена површина од над милион квадрати, тврдевте дека нема 99 згради, но има документи детално извадени по планот каде се предвидуваат истите, критикуваше Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања