Промени тема
Контакт

Канје Вест постави рекорд во Истанбул: Над 118.000 луѓе на концертот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
kanje-vest

Американскиот рапер Канје Вест одржа спектакуларен концерт на Олимпискиот стадион Ататурк во Истанбул, пред повеќе од 118.000 посетители, со што, според организаторите, е поставен нов рекорд за посетеност на стадионски концерт.

Настапот започнал во 21 часот по локално време и уште пред стартот предизвикал огромен интерес кај обожавателите. Вест се појавил на специјално изградена сцена во форма на планетата Земја, додека почетокот бил проследен со синхронизирани светлосни ефекти што ја осветлиле целата арена.

— реклама —

Концертот прераснал во целоноќен музички спектакл со настапи на диџеи, ласерски и светлосни шоу-програми, како и настапи на турски музичари. На сцената му се придружил и раперот Тревис Скот, претворајќи го настанот во вистински музички фестивал што траел до доцна во ноќта.

Големиот број посетители предизвикал сериозни сообраќајни метежи во делови од Истанбул. Илјадници луѓе се упатиле кон стадионот уште од попладневните часови, а најголем притисок бил забележан во метрото, особено на линијата М9 Атакој–Олимпијат.

— реклама —

На концертот присуствувале обожаватели од цела Турција, но и гости од Русија, Казахстан, Обединетото Кралство, Германија, САД и Полска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

kanje-vest

Канје Вест се спогоди со поранешната асистентка која го тужеше за сексуално вознемирување

Сцена | пред 1 месец

kanje-vest

Канје Вест заврши на суд: Го разлути судијата со дремење во судницата

Сцена | пред 5 месеци

kanje-vest

Канје Вест се врати на Твитер

Магазин | пред 3 години

kim-1-1024x682-1

(ФОТО) Канје ги спореди Ким Кардашијан и кралицата Елизабета, па им испрати порака на Британците: „Знам како се чувствувате“

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања