Промени тема
Контакт

Капацитетите на ковид центрите во Скопје проширени за нови 43 кревети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Од утрово ковид одделнијата во Скопје се проширени за дополнителни 43 кревети кои се ставени во функција на пациентите суспектни и потврдени за КОВИД 19.

Од 8 часот почна да работи ковид оддлелението на Кликината за очни болести со капацитет од 23 кревети, а ковид центарот во ГОБ 8 Септември е проширен за 20 нови места. Таму капацитетот од досегашните 80 се зголемува на 100 болнички кревети.

— реклама —

Ковид центарот на Клиниката за Очни болести е во склоп на Интерните клиники и во него ќе работи кадар од овие клиники составен од инфектолози, интернисти и анестезиолози, како и среден медицински персонал. Клиниката е опремена со довод на гасови и може да ги згрижи сите болни кои имаат потреба од кислородна терпија.

— реклама —

Се очекува во најскоро време да се пушти и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло каде би се згрижле дополнителен број болни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања