Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Капитенот на Норвешка: Добро ги познавам играчите на Англија, нè чека голем предизвик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-librarys3qilv5fln4k09o4vB9

Капитенот на норвешката репрезентација, Мартин Едегор, изјави дека пред четвртфиналниот натпревар против Англија на Светското првенство целосно е фокусиран на теренот, па затоа немало многу шеги и разговори со неговите соиграчи од Арсенал.

Едегор во сабота ќе се соочи со Деклан Рајс, Букајо Сака, Нони Мадуеке и Еберечи Езе, со кои настапува за лондонскиот клуб, но нагласи дека во моментов пријателствата се ставени во втор план.

— реклама —

„Немаше многу шеги. Разменив неколку пораки со дел од нив за време на турнирот, но сите знаеме каков квалитет имаат. Одлично ги познавам. Тоа се врвни фудбалери кои играат за една од најсилните репрезентации во светот. Пред нас е голем предизвик“, изјави Едегор.

— реклама —

Посебно се осврна на Деклан Рајс, кого го опиша како еден од најважните играчи во средниот ред на англиската селекција.

„Тој секогаш го дава максимумот за тимот. Се бори за секоја топка, внесува огромна енергија и може подеднакво добро да игра во напад и во одбрана. Физички е силен, одличен со топката и е комплетен фудбалер. Ќе биде голем тест за сите нас“, рече капитенот на Норвешка.

— реклама —

Сепак, тој потенцираше дека опасноста не доаѓа само од Рајс.

— реклама —

„Не станува збор само за Деклан. Англија има извонредни фудбалери на сите позиции. Нè очекува тежок натпревар, но му се радуваме. Се надевам дека ќе успееме да испишеме нова страница во историјата“, додаде Едегор.

Норвешка на 11 јули ќе се соочи со Англија во четвртфиналето, со надеж дека за првпат ќе избори пласман во полуфиналето на Светското првенство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2217ddbj3gsgdFWRX8S

Претседателот на ФИФА испрати честитка до Аргентина по финалето

Трендови | пред 2 седмици

media-librarypimm8j45199j27PEgOd

(Видео) Голманот на Шпанија го игнорираше Доналд Трамп на церемонијата на доделувањето на трофејот

Спорт | пред 2 седмици

media-library01g984pmv6797oWzhqC

(Видео) Меси во солзи по поразот на Аргентина во финалето

Вирално | пред 2 седмици

media-library04u2e57clr5gcryQDZv

(Видео) Го изгуби финалето, па ја изгуби и контролата: Аргентински фудбалер нападна шпански репрезентативец

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања