Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Капитулација на Мицкоски, нема избори-има зголемено парламентарно мнозинство, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Hristijan-Mickoski-12.07.2022

ВМРО-ДПМНЕ може да прогласи капиталуција на Христијан Мицкоски на тема предвремени избори, вели СДСМ

„Со гласање на 65 пратеници во Собранието се потврди зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство на СДСМ и коалицијата.

— реклама —

Пропаднаа сите лажни изјави на Христијан Мицкоски дека ќе има ново мнозинство, дека собранието ќе се распушти, дека владата само што не паднала.

Се покажа дека единствената тема за предвремени избори и зголемено парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ на која Христијан Мицкоски ја базираше својата политика во изминатите 2,5 години е всушност само борба за фотелја и ништо друго.

— реклама —

Сите блокади што ги правеше ВМРО – ДПМНЕ во собранието време на светска економска и енергетска криза, во време на пандемијата, хистеријата за наводна асимилација и бугаризација имаа за цел создавање тензии, дестабилизација, во желбата за власт, пари и тендери.

— реклама —

Блокадите и одолговлекувањето на ВМРО-ДПМНЕ, ја покажува деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ, која е во целосно заложништво на Леница.

За нерзаумното одолговлекување на собраниските седници од страна на ВМРО-ДПМНЕ, секој ден, среде криза, се трошат по 55.000 евра, пари на граѓаните.

— реклама —

Зголемено мнозинство обезбедува политичка стабилност, зголемена ефикасност на Собранието и побрзо носење на законите.

Тоа ќе придонесе за забрзана реализација на реформите во економијата, во судството и на патот на интеграцијата на државата во ЕУ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања