Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Караџовски: Комисијата за заразни болести не одлучува за спроведување или откажување на пописот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Karadzoski

Комисијата за заразни болести не одлучува дали ќе се одржи пописот, туку само изготви предлог-протокол за попишување во услови на пандемија, појасни денес Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести. Тој вели дека во протоколот за одржување на пописот пропишале како да се одвива попишувањето во становите во зградите, во куќите, за кои заедничко е одржување растојание меѓу попишувачите и лицата што се попишуваат, задолжително е носење маски и честа дезинфекција. Караџоски нагласи дека бројот на новозаболени е во пораст, но посочи дека одлуките за одржување или ново одложување на пописот не ги носи Комисијата.

— реклама —

„До Комисијата стигнаа повеќе барања од државните институции за наше размислување како да функционираат, на пример, за изборите, за функционирањето на Собранието, на Владата, па еве сега и пописот. Комисијата направи предлог-протокол за попишување и го дадовме во Министерството за здравство и во Државниот завод за статистика. За начинот на кој треба да се одржува пописот ние направивме протокол. Јас не можам да кажам што ќе се случува следниот месец. Протоколот беше побаран, ние го дадовме. Државата ќе одлучи понатаму. Ние дадовме повеќе можности како да се изведува пописот“, вели претседателот Караџовски.

фото: PRTSC

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања