„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Каракачанов: Бугарија нема да направи отстапки кон С.Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
karakacanov

Македонскиот јазик е создаден по 1944 година со оган и меч и не смееме да им направиме отстапка, зашто утре ќе побараат да се учи тој измислен јазик во Ќустендил и во областа на Благоевград, вели министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов на прашањето дали Софија ќе попушти пред ставот на Германија Македонија да отпочне со преговорите со ЕУ.

— реклама —

„Во Скопје некој си замислува дека Бугарија ќе направи отстапки поради братски чувства и солидарност. Тие сметаат и дека некој однадвор ќе изврши притисок врз Бугарија. Сепак, ова нема да се случи“, вели Красимир Каракачанов.

Според него, незамисливо е бугарското Собрание да гласа за отстапки и едно такво отстапување од позицијата на Бугарија не би поминало во ниту еден парламентарен состав.

— реклама —

„Ќе видиме што ќе се случи за една недела. Изборот дали ќе бидат дел од ЕУ е нивен. Нема да станат членки на Европската Унија со коминтерновско удирање по маса“, изјави Каракачанов за бугарската телевизија БТВ.

Тој смета дека Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија е „доволно добар, но само доколку се почитува“. „Една година по неговото потпишување тој веќе не се почитува“, изјави Каракачанов, додавајќи дека склучувањето на договорот било услов за прием на земјава во НАТО, а неговото почитување е услов за членство во ЕУ.

„Пријателството е пријателство, братството е братство, но договорите и доброто однесување мора да се почитуваат. Не сакаме да одиме низ Капали чаршија и да се расправаме чиј е Гоце Делчев“, изјави Каракачанов, инсистирајќи на тоа дека Бугарија и бугарскиот народ мора да го бранат националниот интерес. Тој додава дека Бугарија „не ги принудува Скопје и Македонците да се откажат од својот национален идентитет, но треба да бидат така добри и да го создаваат според фактите дека тој е создаден со оган и меч по 1944 година“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања