Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Каракачанов: Дедото на Груевски и бабата на Радмила Шеќеринска биле најпочитувани бугари во Штип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Слајдер
karakacanov

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во својот најнов напис на „Фејсбук“ по повод статусот на екс премиерот Никола Груевски пишува дека Груевски демонстрира тотална заблуда и непознавање на историјата, но и сподели фотографии и документи кои според него се потврда дека дедото на Груевски и бабата на Радмила Шеќеринска биле најпочитувани бугари во Штип, но и дека дедото на Груевски, Михаил Мијалков, во 1943 година се залагал за тоа да неговата сограѓанка Радка Шекеринова да добие државна бугарска пензија, за заслуги кон „бугариштината“ како сопруга на убиениот од србите години порано „виден бугарски деец“ Александар Шекеринов.

„Ќе спомнам само дека меѓу основачите на бугарскиот Акционен комитет во Штип е познатиот бугарски патриот Михаил Мијалков, за кого што верувам дека Груевски и неговиот братучед го познаваат добро, бидејќи тој е нивниот сопствен дедо. Во суштина не само што Мијалков се самоопределувал како Бугарнин, туку согласно Уставот на Акциониот комитет, работел за „развој на здрав бугарски национализам“, „обединување на сите Бугари во една голема Бугарија“ и „за борба против непријателските елементи на бугарштината.“ Интересно е да се забележи дека дедото на Груевски помогнал неговата сограѓанка Ратка Шекеринова да добие бугарска државна пензија „за заслуга кон бугарштината“ како сопруга на убиенот од Србите неколку години порано „виден бугарскии деец“ Александар Шекеринов. Тоа се разбира се бабата и дедото на мојата почитувана колешка Радмила Шекеринска, министерка за одбрана на Република Северна Македонија. Дедото на Груевски и бабата на Шекеринска тогаш биле најдостојните Бугари во Штип. Заради својата безрезервна преданост кон бугарштината во Македонија, тие ја заслужуваат нашата почит и денеска“, пишува Каракачанов.

— реклама —

Дедо на Груевски, како и бабата на мојата почитувана колешка, министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска, тогаш биле меѓу најценетите Бугари во Штип. Поради нивната безрезервна посветеност кон Бугарштината во Македонија, тие денес го заслужуваат нашето почитување, пишува Каракачанов.

— реклама —

 

— реклама —

https://www.facebook.com/239611712717792/posts/3140772832601651/

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања