Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Каракачанов за Сител: За еден од нив кој не е пратеник и кој е најзлогласен, имам 1.000% информација дека има бугарски пасош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
karakacanov

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во изјава за Сител вели дека Македонските политичари одамна станале за мајтап, откако тој денеска објави листа на имиња слични на македонски истакнати политичари кои имаат двојно државјанство, односно кои поседуваат и бугарски пасош.

— реклама —

— реклама —

-Јас си поиграв малку и почнав да ги прегледувам списоците на лицата кои можат да гласаат во Ќустендил, Благоевград, во Софија каде има најмногу регистрирани Македонци со бугарско државјанство. И излегоа тие интересни имиња. Јас како што можете да видите во моето соопштение не сум кажал дека тоа се пратеници или бивши министри на ДПМНЕ. Тие сами се препознаа, но списоците се јавни и информацијата е јавна и вие како македонски новинар исто така можете да влезете на сајтот на општина Ќустендил, Софија, Благоевград и секоја друга општина во Губарија и да ги прегледате списоците на избирачите. Јас никаде во моето соопштение не сум пишал дека тоа се пратеници, бивши министри или политичари на какво било ниво. За еден од нив кој не е пратеник и кој е најзлогласен, како што се вели, имам 1.000% информација, дури и неговата адреса и матичниот број му ги имам. Но, тоа е друга тема, вели Каракачанов за Сител, додавајќи дека името го има во тој список, појаснувајќи дека такво презиме не постои во Бугарија, истакна Каракачанов за Сител.

— реклама —

извор: Сител

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања