ФБ статус на Проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска, професорка по уставно право и политички систем:
- Денес, на 19.12.2019 година ја поднесов Иницијативата за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците пред Уставниот суд поддржана од 15 универзитетски професори од соодветните области на кои се однесува законот. Правото не смее да биде предмет на политички пазар и монета за поткусурување на власта. Да се почитува мислењето на Венецијанската комисија кое ги содржи меѓународните стандарди за употреба на малцинските јазици и критичките укажувања за содржината и за аномалиите во постапката за донесување на овој закон. Со задоволство ви ја доставувам иницијативата на увид, напиша Каракамишева на ФБ.
https://www.facebook.com/Karakamisheva/photos/a.1592955177455046/2757653310985221/?type=3&theater