„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Каракамишева ќе ја тужи власта поради Договорот од Преспа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Tanja-Karakamiseva

Професорката по уставно право, Тања Каракамишева, на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека ќе покрене тужба против власта за повреда на правото на самоопределување поради Договорот од Преспа. Таа ги повикува граѓаните да се вклучат во тужбата, која би била спроведена волонтерски, а судските трошоци би се покриле од донации.

— реклама —

„До сите загрижени Македонци кои ме прашаа како ќе се одвива овој процес на правна одбрана на Македонија еве ги одговорите:

1. Оваа битка нема никаква врска со ниту една партија. Оваа битка е и ќе биде надпартиска, народна и ја започнуваме веднаш.

— реклама —

2. Во битката ќе бидат повикани сите загрижени Македонци кои ќе имаат правна можност да ја тужат владата поради прекршување на основните човекови права кои се неприкосновени, како правото на самоопределување, правото на лично достоинство, на личен интегритет итн. како и поради прекршување на Уставот и на меѓународното право.

3. Помош ќе биде побарана ЕДИНСТВЕНО за подмирување на судските такси и трошоците на застапниците на граѓаните пред судовите, се друго ќе биде сработено волонтерски.

4. По исцрпување на домашните правни лекови постапки ќе бидат покренати и пред Европскиот суд за човекови права, Комитетот на ООН за човекови права, т.н. “1503 постапка” пред Советот за човекови права на ОН, како и преку постапки покренати до Специјалните известители на Советот на ООН за човекови права.

5. Колку повеќе луѓе се собереме во оваа акција за СПАС НА МАКЕДОНИЈА толку поголем успех ќе имаме како народ.

6. МОРАМЕ ДА ДЕЛУВАМЕ СПЛОТЕНИ ВО ЗАЕДНИЧКАТА МИСИЈА!

7. ЌЕ ПОБЕДИМЕ!!!“, напиш Каракамишева на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања