Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Каракамишева во полициска станица: Нема да ме замолчите, ќе се видиме пред лицето на правдата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Tanja-Karakamiseva

Професорката Тања Каракамишева Јовановска преку својот профил на Фејсбук информираше дека била повикана во полициска станица поради поднесена пријава од Хелсиншки комитет.

„Само што излегов од полициска станица Центар.

— реклама —

Вчера тројца полицајци ги вознемирија моите малолетни деца носејќи ми покана дома да се јавам денес во 11 часот во станица "под сомнение дека сум сторила кривично дело од чл.394-г од КЗ, Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем".

Пријавена сум од Хелсиншки комитет по чл. 319 од КЗ "за Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа, објаснува Каракамишева. Таа додава дека фејсбук статусот за кој е под сомнение се однесувал за мигрантите.

— реклама —

„И јасно е се!

Политичкиот прогон го пуштаат на максимум.

— реклама —

Хелсиншки, дежурни бранители на власта, ќе се видиме пред лицето на правдата!

Вие ќе се срамите од своите постапки, јас ќе останам на страната на вистината и правото!

— реклама —

Нема да ме замолчите! Нема да ме заплашите

Борбата почна, нема враќање!“, стои во објавата на Каракамишева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања