Караманлис, поранешниот премиер на Грција, кој ја блокираше поканата на Македонија за НАТО во 2008 година, вчера во Солун изјави: “Во однос на Северна Македонија никој не треба да си замислува дека со потпишувањето на Договорот од Преспа автоматски се добива и билет за Европската Унија“. Караманлис додаде дека Грција можела и може да бара уште повеќе во врска со северниот сосед, кој според него, има и други проблеми освен оние со Грција. Костас Караманлис беше шеф на грчката влада во периодот од 2004-09 година, пишува грчкиот весник „Катимерини“.