Караница: Османи го впери прстот во јавноста за да се оправда, Ковачки му кажа што мисли јавноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
bujar-osmani-512

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, го впери прстот во јавноста за да оправда зошто Македонија нема државен авион за евакуации. Тој кажа дека Владата ќе купела, ама се плашела што ќе каже јавноста. На ова реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Тој му порача дека никој не е против набавка на летало за потреби на државата, но проблем е што и постоечките не се одржуваат.

— реклама —

„Многу се загрижи Бујар Османи за тоа што мислела јавноста ако купеле авион за потреби на државата. Прво, никој не е против набавка на авион за потреби на државата, проблем е што и постоечките летала не се одржуваат и не летаат.

Г-не Османи Бујар: Јавноста смета дека работите против македонските национални интереси и распродавате се' што не е Ваше, ама вие мака немате и сте запнале да го понижувате македонскиот народ. Јавноста смета дека пепел направивте со договорите за изградба и за надзор на коридорот 8 и 10д, па вие мака немате и крадете. Јавноста смета дека хирург треба да е во болница и да помага на граѓаните, ама Вам Ви е интересно да си играте со геополитички состојби и да глумите експерт. Јавноста смета дека треба да одговарате за мртвите во болницата во Тетово, за мртвите во автобусите на Беса и Дурмо, ама вас тоа не ве засега. Јавноста смета дека треба да ве снема од политичката сцена, ама Вам тоа не Ви е важно“, напиша Ковачки.

— реклама —

Изјавата на Османи е дадена за национална телевизија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања