Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Карлеуша се враќа во Гранд!?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Jelena-KArleusa-foto-RAjko-Ristic-019

Новата сезона на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ почна добро. Се полемизираше дали Цеца Ражнатовиќ, која седна на столчето на Јелена Карлеуша, ќе привлече исто внимание како нејзината претходничка, се’ излезе одлично.

— реклама —

Меѓутоа, како што неофицијално дознава магазинот „Свет“, контроверзната дива би можела наскоро да се врати, што би ја дигнало гледаноста до небото, земајќи предвид дека таа и Цеца не се поднесуваат.

— реклама —

„На почетокот на сезоната, многумина се сомневаа дека натпреваротќе биде интересен без Карлеуша. Цеца е голема ѕвезда, тоа никој не може да го оспори, но најголемо внимание привлекуваа токму коментарите на Јелена, нејзините караници со кандидатите и со членовите на жирито. Пристапот на Цеца е поинаков, таа не е конфликтна, но се воспостави дека многу добро умее да врати. Нејзините препирки со Босанац и со Мили се вистински хит, а ако се оствари она што се шушка, гледаноста на ‘Ѕвездите на Гранд’ ќе се вивне до небото! Имено, од вториот или третиот круг, во натпреварот се враќаати кандидатите од претходните сезони, а абидејќи на некои од нив ментор им беше Јелена, се зборува дека Цеца и јеца заедно ќе седат во студиото и ќе оценуваат, но постои можност Карлеуша активно да учествува со своите каднидати. Јелена секако нема време да му се посвети на ‘Гранд’ како претходно, бидејќи на големо работи на новиот албум, но има свој проверен тим на кој може секогаш да се потпре“, открива доброинформиран извор, кој додава дека овој план воопшто нема да ѝ се допадне на Цеца, која веќе има конфликти со Мили и со Босана.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања