Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Карпош ја зголеми зградата во Влае, а пробува и да ја смести се поблиску до Партизанска, тврдат дел од жителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
396686079_318723074242138_4179439393417826556_n

Иницијативата „Борба за Влае“ од која дел се дел од жителите на ова маало, тврди дека Општина Карпош предводена од Стевчо Јакимовски, наместо да ја отстрани, ја зголемил катноста на зградата во маалото. Тие тврдат дека сторил и кривично дело. Тврдат дека сега, сопственикот е ставен и во подобра состојба при евентуално окрупнување на парцелата.

— реклама —

„Покрај сите работи за која Општина Карпош ги послуша барањата напишани на анкетните листови, за една парцела не само што не ги послуша туку и го направи спротивното - ја зголеми зградата. На одговорите на анкетните листови даде неточни информации (што е кривично дело), а дополнително пробува да ја смести зградата се поблиску до Партизанска за нејзините жители да не се пресметуваат во вкупното население на Влае (да ја направи „линиски центар“). Претходно оваа зграда беше зацртана да биде скалеста со максимална висина 11 спрата. Сега е еден огромен блок од 12 спрата, два мали блока од 10 и еден низок од 1 спрат. Парцелите кои се одземени од зградата се наменети за катна гаража (која нема должност да ја изгради инвеститорот на кулите), а со тоа му се олеснува да ја окрупни парцелата. Ова „намалување“ очигледно е направено само колку да се замачкаат очи на јавноста дека нешто е намалено, а всушност само му се олеснува на доминантниот сопственик ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ АПОЛО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ЕКСПОРТ-ИМПОРТ СКОПЈЕ полесно да ја оформи градежната парцела 01.06 без да обесштетува други лица и без да се договара со други лица, туку само да откупува за багатела земјиште од државата!

— реклама —

Бараме државното земјиште да биде наменето за јавно добро!“, велат од „Борба за Влае“.

— реклама —

Тие испорачаа и барања.

„Објектот да се намали на вредноста на стариот ДУП - објекти со максимална висина 8 метри со намена комерцијални и јавни содржини на локациите на бараките на сегашно Кино Влае (трговија, угостителство, занаетчиски и интелектуални услуги со можност за мал зелен пазар / повеќенаменска сала, административен простор, простории за слободни активности на млади и пензионери со придружни простории). Она што е дополнитлно навредливо е нееднаквиот третман на жителите/сопствениците. Овој инвеститор е привилегиран со огромниот коефициент на искористеност, 5.55, а кај сите жители во населбата со приватни парцели, тој коефициент се движи околу 2 и не повеќе од 4 за новопредвидени станбени згради. Во превод, ако еден сопственик на барака има плац од 100 квадрати за куќа, тој може да ја дигне ~2 повеќе (максимум 200м2 на својата површина, најчесто многу помалку), додека кулите на Кино Влае можат да се дигнат 5.5 пати повеќе. Во цело Влае единствен објект кој има волкав коефициент на искористеност е кулата во Порта Влае. Сите други згради во Порта Влае и населбата имаат 3.2-3.8 коефициент. Со тоа зградата на Кино Влае станува најпривилегираниот нов објект во цело Влае! Овие и другите барања можете да ги видите на нашиот фолдер со пополенти анкетни листови кои жителите можат да ги поднесат во општинските бараки“, додадоа тие.

Тврдат дека Општина Карпош и кон други објекти има привилигиран пристап.

„Денес, на јавната презентација, ќе носиме испечатени листови кои жителите ќе можат сами да ги поднесат, а во останатите денови од анкетата ќе пишуваме и за другите објекти кон кои Општина Карпош има привилегиран пристап додека зборува за потребите на локалното население кое најмалку добива. Се гледаме во 13:00 во бараките на Општина Карпош“, пишуваат тие.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања