„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Карпош ќе добие три нови сквера

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
karpos-sver-1

Со  усвојување на одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје за изработка на проектна документација, реализација и одржување на јавни површини, локалната самоуправа ќе добие три нови сквера на нејзината територија. Како што нагласи и градоначалникот Стефан Богоев, станува збор за комплетно урбано, хортикултурно и  реквизитно уредување на новите скверови, со патеки и корпи за  отпадоци. Локациите дополнително ќе бидат утврдени.

— реклама —

Во соработка со Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, три локации во Општина Карпош дополнително ќе се раззеленат и облагородат. Булеварот „8. Септември“, од двете страни на улицата, на аголот помеѓу ул. Љубљанска и ул. „Волгоградска“ во урбаната заедница Карпош 4, како и просторот околу Драмски театар, во Карпош 2, ќе бидат хортикултурно уредени.

— реклама —

— реклама —

На денешната седница на Советот на Општина Карпош, советниците ја  изгласаа  Одлуката за утврдување на реонизација на основните училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа. Исто така се утврди реонизација на јавните установи - општински детски градинки во Карпош.

— реклама —

Членовите на Советот дадоа согласност за  формирање на комисија за прием на деца над капацитетот и утврдување на критериумите за прием на деца во четирите детски градинки во Општина Карпош: „Пролет“, „Мајски Цвет“, „ Распеана Младост “,  и „Орце Николов“.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања