🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Карпош ќе се приклучи кон проектот за транзиција на децата од градинка во училиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
288923240_10158206649156706_7942703420114072256_n

Во улога на домаќин, Македонското Монтесори здружение (ММЗ) денеска во конференциската сала на хотелот Тимс организираше стручен настан, или поточно, студиска посета на партнерите од Србија, Словенија и Бугарија, кои се дел од меѓународниот Еразмус+ проект „Развој на компетенциите на практичарите за процесот на транзиција помеѓу градинките и училиштата“. Проектот е финансиран од Европската унија преку Фондацијата Темпус од Србија, во рамки на програмата КА2 – општо образование, велат од општина Карпош.

— реклама —

„Од аспект на Општина Карпош, станува збор за пилот проект во кој ќе учествуваат дечињата од градинката „Распеана младост“ и основците и наставниците од ООУ „Вера Циривири Трена“. Во таа насока, децата од градинката кои догодина треба да тргнат в училиште за полесно да се адаптираат на новата средина, неколку пати организирано ќе го посетат ООУ „Вера Циривири Трена“. На средбите, децата од претшколска возраст ќе седнат во училишните клупи и практично ќе видат како се организира и тече еден училишен час. На тој начин, дечињата од градинка треба да се подготват за претстојниот образовен процес кој ги очекува и во таа насока, без стрес да ја прифатат промената на новата работната околина.

По покана на домаќинот ММЗ, на средбата присуствуваше и раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес при Општина Карпош, Гордана Зафировска, која имаше детално обраќање пред присутните. Инаку, локалната самоуправа има воспоставено повеќегодишна соработка со Македонското Монтесори здружение, во насока на овозможување финансиска поддршка за функционирање на дневниот центар во населбата Бардовци, во кој беа згрижувани дечињата од претшколска возраст. Имено, локалната самоуправа околу пет години го финансираше дневниот центар кој работеше во рамки на ММЗ, сé со цел, најмладите бардовчани да бидат вклучени во воспитно образовниот – згрижувачки процес, односно до моментот кога Општина Карпош ја пушти во употреба новата детска градинка во Бардовци“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања