Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Картелски скандал без преседан – како 5 тона дрога поминале преку Македонија кон Србија?, прашува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

Опозициската СДСМ обвини дека заплената на околу пет тони дрога во соседна Србија, за која се наведува дека потекнува од Македонија, претставува еден од најголемите картелски скандали во регионот и побара итна и целосна одговорност од надлежните институции.

Од партијата посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, дополнително ја засилува сериозноста на случајот. СДСМ прашува како е можно толкава количина наркотична дрога да ја мине македонската граница и да заврши на српска територија без, како што велат, поддршка или пропуст од структури во власта и институциите.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека Владата молчи, додека јавноста со денови чека одговори на клучните прашања – кој дозволил дрогата да помине, кои институции потфрлиле и дали постои вмешаност на високи функционери во, како што го квалификуваат, картелскиот ланец.

СДСМ потсетува дека подолго време алармира за поврзаност меѓу криминални структури во Македонија и Србија, додавајќи дека сè уште нема одговор ниту за фотографиите на премиерот Христијан Мицкоски со лице со иницијали С.З., познато како Симе, кое било уапсено во друг случај поврзан со дрога, оружје, муниција и поголема сума пари.

— реклама —

Во реакцијата се наведува и дека во судските постапки во Србија и Црна Гора се цитираат таканаречени „Sky“ преписки во кои се споменува „шефот Оскар“, додека истовремено Соединети Американски Држави подготвуваат закон за Западен Балкан со фокус на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

СДСМ оценува дека случајот ја става Македонија во исклучително негативен контекст и порачува дека за ваков, како што велат, картелски скандал мора да има одговорност, нагласувајќи дека „работата не е завршена“ и дека сите инволвирани, без исклучок, ќе мора да одговараат пред јавноста и институциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

СДСМ: Мицкоски отворено ја рехабилитира насилната банда од 27 април

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryndu9oplpjfe373wxNQ8

Огњеновиќ: Младите се иселуваат, а лажните патриоти во Владата земаат бугарски пасош за ЕУ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryi43p1htfliq52rpr22A

СДСМ: ЕУ преку Вајц потврдува она што го говори СДСМ: Со Мицкоски нема реформи, нема напредок

Македонија | пред 1 ден

media-librarypuonom89qceu5AhNovk

СДСМ: Влада на Мицкоски - лажни патриоти со бугарски пасоши

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања