Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Касами одново го понижува македонскиот јазик - седниците се без превод, поднесуваме иницијатива за инспекциски надзор, реагира Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
kasami-2

Политичката партија остро реагира што во Општина Тетово, нема превод на македонски јазик за време на седниците на Советот на градот. Тие посочуваат дека градоначалникот Биљал Касами одново го понижува македонскиот јазик.

Реакцијата во прилог:

— реклама —

„Иако помина една година откако претседателот на општина Тетово - БЕСАР ДУРМИШИ, најави дека општината ќе обезбеди превод на седниците и на македонски јазик - седниците се водат само на албански јазик! Левица јавно ги прашува шесте советници од ДПМНЕ и СДС во Советот на општина Тетово: ЗОШТО во времетраење на нивниот мандат не реагирале за ваквиот скандал со кој се деградира македонскиот јазик?! Дополнително, граѓаните од Тетово не можат да разберат за што се дебатира во Советот на нивната општина - бидејќи не е обезбеден симултан превод на седниците.

— реклама —

Необезбедување на симултан превод на македонски јазик на јавните седници на Советот на општина претставува грубо прекршување на шверцерски донесениот Закон за употреба на јазиците, кој очигледно дека не беше доволен за да ги задоволи националистичките, сецесионистичките големо-албански апетити на албанските политички партии.

— реклама —

За ова грубо прекршување, членот 1 од Законот за употреба на јазиците предвидува глоба од 4 - 5 000 евра, но Агенцијата за примена на јазикот, предводена од Ардиан Муслиу, не реагира. Токму поради ова, #Левица во деновите што следат ќе поднесе Иницијатива за вонреден инспекциски надзор поради ваквото флагрантно непочитување на македонскиот јазик“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања