Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Касапи: За жал говорот на омраза кон жените во политиката, но и воопшто, не познава партиски, етнички или религиозни граници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
govor-omraza

Клубот на пратенички е собраниско тело кое ги здружува пратеничките од сите парламентарни политички партии, како и независните пратенички. Ние, заеднички без оглед на партиската или етничката припадност работиме заедно кон унапредување на родовата еднаквост во Република Северна Македонија.

Како Клуб на пратенички, постојано ги следиме изјавите на говор на омраза кон жените, особено кон жените во политиката. Згрозени сме од последните неколку примери на говор на омраза, сексистички и мизогонистички изјави од партиски фукционери или новинари.

— реклама —

За жал говорот на омраза кон жените во политиката, но и воопшто, не познава партиски, етнички или религиозни граници. Сите жени се жртви, а ние како нивни претставнички во Собранието на Република Северна Македонија ќе се бориме да го елиминираме говорот на омраза.

— реклама —

Бараме професионално и етичко однесување од сите политички партии, од сите нивни функционери, од сите медиуми, од сите новинари. Бараме од нив да се однесуваат согласно сите конвенции за почитување на човековите права, со акцент на правата на жените, стои во соопштението Претседателка на Клубот на пратенички,Ѓулумсер Касапи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања