Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Каскаден испад во украинската електромрежа: Киев и повеќе региони без струја, греење и вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
ukraina-kiev-1

Украинскиот премиер Денис Шмихал соопшти дека утринава дошло до „каскаден испад“ во електроенергетската мрежа на Украина, по серија нарушувања на преносните водови меѓу Романија и Молдавија, како и помеѓу западниот и централниот дел на земјата.

Според Шмихал, поради испадот нуклеарните електрани во моментов работат со намален капацитет, со цел стабилизација на системот. Државниот оператор на електроенергетската мрежа, Укренерго, околу 14 часот по средноевропско време информираше дека се воведени вонредни исклучувања на струјата во Киев и околината, како и во Черкаската, Чернивечката, Житомирската и Харковската област.

— реклама —

„Недостигот на електрична енергија во системот и натаму е исклучително голем“, соопштија од Укренерго, додавајќи дека итните санациски работи се во тек и дека приоритет има снабдувањето на критичната инфраструктура.

— реклама —

Причините за колапсот засега не се официјално потврдени. Извори од енергетскиот сектор и од Кабинетот на министри за украински медиуми изјавиле дека станува збор за системски дефект во енергетската мрежа, но дека точниот причинител сè уште се утврдува.

Во Киев, по инцидентот, граѓаните останале без струја, греење и вода, во услови кога температурите се под нулата. На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии и видеа од станови кои се целосно замрзнати, додека жителите се обидуваат да се загреат со импровизирани средства. Настанот доаѓа по повеќемесечната руска кампања на напади врз клучната украинска инфраструктура, која му нанесе сериозни оштетувања на енергетскиот систем.

— реклама —

Киевската воена администрација соопшти дека околу 11 часот подземната железница привремено го запрела сообраќајот поради прекинот на електричната енергија. Дел од патниците останале заглавени во тунелите со часови, пред да бидат безбедно евакуирани.

— реклама —

Компанијата Kyivvodokanal информираше дека поради прекинот на струјата е запрено и водоснабдувањето во целиот град, додавајќи дека нивните екипи соработуваат со енергетичарите за што побрзо нормализирање на состојбата. Проблеми со снабдувањето се пријавени и во јужниот дел на Одеската област, како и во централно-источната Дњепропетровска област.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се преземени „сите неопходни мерки“ за обновување на електроенергетската мрежа и дека се очекува стабилизација на состојбата во најкраток можен рок. Украинските железници соопштија дека железничкиот сообраќај до пладне бил стабилизиран со минимални доцнења, а градската железница во Киев повторно почнала со работа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања