Адвокатот Јанаки Митровски, по оставката на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и апсењето на Боки 13 се огласи на својот Фејсбук профил.
„Иако претходно тврдеше дека нема, Катица дава оставка БАШ во истиот ден кога го апсат Боки под сомнение за рекет. А дел од медиумите пишуваа, а и логиката налага дека само човек од внатре може да им ги продуцира бомбите на рекетариве. Ни на сон не би сакал да верувам дека тоа е причината за оставката, но ајде да видиме. Како и да е, Ката ќе се врне уф Гевгелија. Пак да ми ја тргаш емисијата од тв“, напиша Јанаки на Фејсбук.