Каталонија (ќе) слави специјален ден - 1 мај да биде „Ден на Лионел Меси“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Спорт

Аргентинскиот виртуоз Лионел Меси синоќа даде два гола против Ливерпул за да ја однесе Барселона со една нога кон Мадрид во финалето во Лигата на шампионите, а двата гола имаат неверојатна симболика и значење за фудбалерот за кого сите велат дека „не е од оваа планета“.

— реклама —

Првиот гол на Меси против Ливерпул беше негов јубилеен – 600 гол за Барселона. И тоа за само 14 години, Аргентинецот успеа да стигне до бројка, каква што и најдобрите светски центарфори би можеле да ја сонуваат. Вториот гол само ја потврди сета виртуозност на фудбалерот, за кого најголемиот дел од стручната и фудбалска јавност смета дека е – најдобар на сите времиња.

— реклама —

И за некое чудо Меси пред 14 години на 1 мај го постигна првиот гол. Во 2005 година на денот на трудот погоди против Албасете. На истиот датум годинава, даде два гола за триумф со кој е отворена вратата кон ново финале и нова европска титула. И во тој период бројата е 600 гола или во просек по скоро 43 во година.

— реклама —

Прочитајте повеќе на Спорт1.мк

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања