„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Катастрофален пожар во Лондон (ВИДЕО)

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
XklGk-london-zgrada-pozar

Пожарот кој вчера зафати шесткатница во британскиот главен град Лондон, го гаселе дури 100 пожарникари.

— реклама —

Голем пожар синоќа ја зафати шесткатницата „Де Пас Гарденс“ во лондонската населба Баркинг. И покрај брзата реакција на стотина пожарникари кои биле вклучени во гасењето на пожарот, потребни биле два и пол часа за ситуацијата да се стави под контрола.

Сепак, тоа не ја спречило катастрофата, затоа што 20 станови биле целосно уништени, додека 10 делумно биле оштетени, пренесува „БиБиСи“.

— реклама —

Вистинско чудо е што нема жртви, со оглед на тоа што пожарот се проширил на сите шест катови за експресно кратко време. Итната помош згрижила само маж и жена кои што добиле труење од вдишувањето на отровниот чад. Се чини дека за брзото ширење на пожарот придонела и самата градба – имено, целиот стамбен комплекс имал дрвени балкони.

„Бев во мојот стан на четвртиот кат кога изби пожарот. Веднаш истрчавме. Пожарникарите пристигнаа, но им беше тешко да го пронајдат хидрантот. Знаевме дека еден ден ќе избие пожар. Неколку пати ги предупредувавме градителите, компаниите за одржување и властите дека имаме дрвени балкони“, изјави станарката Михаела Џорџ. [embed]

syDtjQAPTOA
[/embed]

извор tocka.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања