„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Катица е незаменлива? - Обвинителите во СЈО, според законот, се само помошници на Јанева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Со поканата за распит, Катица Јанева се приклучува на низата обвинители и соработници од СЈО кои деновиве даваат исказ во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, како дел од истрагата за случајот „Рекет“. Сите од СЈО засега се повикуваат како сведоци. Но, ако Обвинителството стигне до доволно докази, сведок може лесно да се трансформира во осомничен, па дури и да станува збор за обвинител(ка), објави 360stepeni.mk.

— реклама —

Што ќе се случи ако сведокот Катица Јанева стане осомничена? Кој ќе раководи со СЈО, во кое Јанева со закон, практично, е изедначена со институцијата и е единствен овластен застапник на обвиненијата. Одговорите на овие дилеми ги нема во Законот за СЈО.

Статусот на другите обвинители во СЈО е различен од статусот на обвинителите во редовното обвинителство. Обвинителите во СЈО, според законот, се само помошници на Јанева и самостојно не можат да решаваат за отворање или затворање предистраги, истраги или подигнување обвиненија. Соодветно, и замениците назначени од Јанева не се тоа во полна смисла на зборот ниту можат да се изедначат со замениците што со годишните распореди за работа се именуваат во редовните обвинителства. Тоа значи дека автоматско супституирање на евентуално отсутната Јанева со заменик од редовите на СЈО, не е можно, објави 360stepeni.mk

— реклама —

Текстот во целост на: 360stepeni.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања