Катица ја чекала Камчева кај Боки 13, која пари за рекет земала од свекрва и Ратка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sudenje-reket-site-obvineti-696x464

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет за подобра положба на нејзиниот сопруг извадиле од фирмите што ги имаат, а ги донела лично во несесер свекрва ѝ, Ратка Камчева.

— реклама —

„Потоа, Зоран Милевски ме зеде со автомобил и се упативме во станот на Бојан Јовановски во населбата Орман. Катица седеше во дневната соба. Се поздравивме со госпоѓата Катица Јанева и разговаравме за децата. Јас ѝ реков како ми е мене со децата и како поминувам, а таа ми рече: Да не беше Бојан Јовановски, син ми ќе работеше на брод. Ние ѝ дадовме 500 илјади евра“, рече Камчева во сведочењето.

— реклама —

Таа рече дека Јанева ѝ спомнала оти за гаранцијата од 14 милиони евра може кривично да ги гони неа и проценителот зашто дел од имотот бил под кирија.

— реклама —

„Катица Јанева ми напомна дека ако овој разговор излезе од домот на Бојан Јовановски, ќе знае дека е од мене бидејќи имаше доверба во нив. Рече дека може не само еден, туку многу предмети да му отвори на Камчев. Се закануваше со својата моќ. Се плашев од моќта на Јанева. Но, не е таа што ја има моќта. Специјален јавен обвинител е Бојан Јовановски. Тој знаеше сè. Кој следен ќе биде притворен и сè што кажуваше, така и се случуваше“, сведочеше Камчева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања