Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Катица Јанева денеска треба да и каже на Русковска што правела со Боки 13

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
janeva-ruskovska

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска во 10 часот ќе сведочи за случајот „Рекет". Во аудио снимките објавени во италијанскиот весник „Ла верита" во телефонски разговор се слуша и гласот на Јанева како му вели на бизнисменот Орце Камчев да не се секира, „сѐ ќе биде ОК". Таа не негираше дека се работи за нејзиниот глас, туку изјави дека била злоупотребена.

Во случајот „Рекет“ осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец кои се во притвор. Од видео снимките објавени во „Ла верита“ се гледа како Боки 13 и Кичеец од куќата на Камчев изнесуваат еден милион евра. Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја“ на СЈО.

Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Јанева ќе сведочи за поврзаноста со Јовановски и за нејзината улога во изнудата од еден милион евра од Камчев.

— реклама —

Свои искази досега за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинители Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова, како и шефицата на кабинетот на Катица Јанева.

Вчера во обвинителството беше сослушан и Зоки Милески-Кичеец. Кога ќе сведочи Боки 13 засега не е познато.

— реклама —

„Рекетот не би можел да биде изведен без аминот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева“, изјави адвокатот Александар Тортевски во разговор со „Фокус“. Тој, повикувајќи се на својата (и адвокатска) интуиција, смета дека без јавување(то) од Јанева Боки 13 и Зоки Кичеец немало да можат да го спроведат „поткупот“, односно да ги наплатат парите.

— реклама —

„За мене тоа е поткуп, а не рекет. Боки не можел да го изврши земањето на парите без сигнал од Катица. Но истрагата треба да го покаже тоа, а истрагата треба да се води со ладна глава и трезвено, настрана притисоците од јавноста. Секое лицитирање од страна на јавноста сега енекоректен притисок кон обвинителите“, смета Тортевски.

Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања