Специјалната обвинителка Катица Јанева во вторникот отворила боледување, но не се знае до кога.. Ваквото известување им пристигнало попладнево, откако голем дел на медиуми објавија информација дека Јанева трет ден не доаѓа на работа и при тоа не ги известила своите колеги за причините за нејзиното отсуство.
Потсетуваме дека Јанева во понеделникотподнесе оставка која како што се наведува треба да стапи во сила откако ќе се донесе нов закон со кој ќе се регулира статусот на Специјалното јавно обвинителство и ќе се избере нејзин заменик.
Според досегашниот статус на обвинителството мандатот на Јанева истекува на 15 септември.
Инаку на Јанева во понеделникот и беше одземен мобилниот телефон во рамки на истрагата за случајот „Рекет“ за кој осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец кои се во притвор.