„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Катица Јанева го тужи Боки 13

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
boki-13-skopje1mk-Copy-2

Кривичниот суд во Скопје не го прифати предлогот на првообвинетиот во предметот „Рекет”, Бојан Јовановски – Боки 13, во дополнение на доказната постапка како сведок да биде сослушан Горан Николовски, поранешен директор на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање.

— реклама —

На оваа одлука реагираше бранителот на обвинетиот Боки 13, адвокатот Сашо Дуковски, кој рече дека во овој случај се прифатени многу понерелевантни сведоци, како на пример сведокот Христијан Баневски.

– Ако сведокот Горан Николовски не е битен да биде сослушан во овој предмет тогаш не знам кој сведок е битен да биде сослушан, истакна адвокатот Дуковски. Воедно судот одби и дел од доказите доставени од страна на обвинетата Катица Јанева, а прифати да се презентираат како докази извод од сметката на Константин Делкиџаков (татко на Јанева) и приватна тужба од Катица Јанева кон Бојан Јовановски – Боки 13.

— реклама —

– Приватната кривична тужба е поднесена на 13 март 2020, заради неовластено снимање. Досега судот уште нема преземени дејства, рече Ирена Фрчковска, бранител на Јанева.

Следното рочиште е закажено за 7 мај, кога обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 ќе треба да ја даде својата одбрана. Во досегашниот процес за случајот „Рекет”, се презентираа разни материјални докази и сведоци.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања