„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Катица Јанева не донесе нови лица осомничени за „Рекет“ кај Русковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
janeva-pak

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вели дека не чувствува вина за случајот „Рекет“, но на петчасовниот распит вчера во Обвинителството за организиран криминал за случајот беше во придружба на адвокатот Стеван Павлевски.

— реклама —

Шефицата на СЈО во оставка Јанева, на влез во ЈО, пред новинарите изрази очекување  дека нејзиниот исказ ќе помогне да се забрза истрагата за „Рекет“ и потсети дека таа се уште е специјален обвинител и дека нејзините колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд.

По петчасовниот распит во ЈО, иако Јанева пред новинарите застана расположена за зборување, поголемиот дел од комуникацијата беа новинарските прашања.

— реклама —

Јанева рече дека „засега не може и не смее“ да каже дали е нејзиниот гласот на објавената видео снимка со Јордан Камчев, дека „не знае“ дали истрагата ќе се прошири и на неа, како и дека „не знае“ дали има инволвирано некој политичар во случајот и дека „има време да се објасни“ зошто предложила спогодба за осомничените за „Империја“ и „Поштенска банка“.

Досега во врска со случајот во Обвинителството искази дадоа во својство на сведоци тројца обвинители од СЈО Лиле Стефанова, Елизабета Јосифоска и Бурим Рустеми, но како единствени осомничени се уште се Бојан Јовановски и Зоран Милески, кои се наоѓаат во притвор.

На распит во ООК беше донесен и второосмничениот Зоран Милески – Кичеец, како и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања