Мебелот кој Катица Јанева го добила од осомничениот Бојан Јовановски познат како Боки 13 не бил платен во салонот од каде е набавен. Според неофицијални информации, вработен во 1ТВ дал парична гаранција дека наскоро ќе биде исплатен, но тоа не се случило.
Јанева добила на подарок предмети и мебел во вредност од 298.000 денари или околу 5 илјади евра. Но, тоа е она што е досега потврдено, а допрва треба да се открие каде завршиле 1,5 милиони евра и кој го делел тој колач.
Покрај мебелот, најчестите подароци што Јанева ги добила од Јовановски биле парфеми, иако во јавноста се шпекулира и за бунда „Фенди“ која чинела многу повеќе од споменатиот мебел.
Повеќе на Дојче Веле.