Судија на претходна постапка и одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева по барање на Освновното јавно обвинителство за организиран криминал. Таа ќе биде спроведена во истражниот затвор „Скопје“ кој се наоѓа во Шутка
Јанева е обвинета дека ја злоупотребила службената положба и овластување и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја”. Попладнево полицијата и одзема мебел од куќата каде таа престојува во Скопје.