Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„Кажи не на дрогата, да на животот“, превентивни активности на МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

На подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Струмица, Штип и Велес во текот на вчерашниот ден беа организирани превентивно-едукативните активности на полициските служби посветени на повеќе теми, извести МВР.

— реклама —


— реклама —

„Во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола реализираа едукативна работилница со средношколците од општинското средно училиште „Цар Самоил“ околу превенцијата од зависности од дроги „Кажи не на дрогата, да на животот“, а идентични едукативни работилници реализираа и полициски службеници од СВР Штип со средношколците од трета и четврта година од штипските средни училишта „Славчо Стојменски“ и „Коле Нехтенин“.


— реклама —

Дополнително, на подрачјето на СВР Штип, во Делчево и во Кочани, беа спроведени превентивни активности тематски посветени на заштитата од џебни кражби“, велат од МВР.

— реклама —


На подрачјето на СВР Струмица, полициски службеници од ОВР Радовиш во соработка со Црвениот крст Радовиш реализираа едукативна работилница со ученици од девето одделение од основното општинско училиште „Крстев Петков Мисирков“ , а на тема поврзана со препознавање и превенција на трговијата со луѓе. Вчера и на подрачјето на СВР Велес беше реализирана сообраќајно-едукативна активност во Кавадарци, а под мотото „Биди одговорен возач- не користи мобилен телефон“, се додава во соопштението на МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања