Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Казината и обложувалниците ќе се оддалечат од училиштата дури од 2028 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
Casino

Иако заштитата на децата и младите беше наведена како една од главните цели на новиот Закон за игрите на среќа, објектите за коцкање ќе мора да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата дури од 1 јануари 2028 година. Тоа значи дека и во текот на следната година казината, автомат-клубовите и обложувалниците со видеолотариски терминали ќе можат да продолжат да работат на досегашните локации.

— реклама —

Законот беше усвоен на 29 јуни 2026 година, а стапи во сила на 14 јули. Сепак, преодните одредби предвидуваат одложена примена на правилото за оддалеченост. Во меѓувреме, Катастарот подготвил предлог-правилник за начинот на мерење, кој е испратен до Министерството за финансии на мислење, но сè уште не е донесен.

— реклама —
— реклама —

Растојанието нема да се мери по воздушна линија, туку според најкратката безбедна пешачка патека од училиштето до влезот на објектот. За тоа ќе биде потребен геодетски елаборат изработен од овластен геодет.

— реклама —

Потребата од мерката беше образложена со загрижувачките податоци од истражувањето ЕСПАД 2024, според кое секој четврти ученик на возраст од 15 до 16 години во Македонија се коцкал за пари во последните 12 месеци. Кај момчињата овој процент изнесува 34, а кај девојчињата 16 отсто. Надзорот над спроведувањето на законот ќе го врши Управата за јавни приходи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања