„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Казна од 750 евра за туристите кои уринираат во море

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
IMG_1429

Шпанија се смета за една од најпопуларните туристички дестинации, особено во лето. Но неодамна изненади со одредени „закони“, а еден од нив важи и за туристите кои сакаат да се релаксираат на плажа.

— реклама —

Имено, градот Виго на северозападниот брег на Шпанија, се наоѓа на само 35 километри од Португалија и затоа е прифатлива дестинација за одмор за многумина во оваа земја. Сепак, тој сега воведе правила кои можеби нема да им се допаднат на оние кои планирале да го посетат.

Градскиот совет на Виго донесе закон со кој се забранува уринирање во море или на плажа, за што следува парична казна од 750 евра за секој кој ќе биде фатен на тоа.

— реклама —

Според новите правила, тие го прогласија јавното уринирање на плажите за „прекршување на хигиенските и санитарните прописи“, а иако не објаснија како имаат намера да ги следат капачите и туристите на локалните плажи, тие посочија дека ќе постават јавни тоалети како уште една мерка за борба против овој проблем.

Но, тоа не е единственото нешто што туристите нема да имаат можност да го прават на плажите. Со истиот потег, советот на Виго забрани употреба на сапун и шампон во морето, како и миење садови во морска вода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања