Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Казната е подбив, наместо правда, добивме минимизирање на трагедијата“, потврдена казната од две години на возачот кој ја усмрти Теодора

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
teodora

Семејството на Теодора Ристовска, која беше усмртена на пешачки премин во сообраќајна несреќа во Тетово, остро реагира на одлуката на Апелациониот суд во Гостивар со која е потврдена пресудата на Основниот суд во Тетово. Обвинетиот Менсур Пајазити од селото Голема Речица е прогласен за виновен и осуден на две години затвор.

„Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши“, изјави нејзината сестра Ева Ристовска.

— реклама —

Семејството обвинува дека со „блага и селективна казна“ судството создава уште поголема недоверба кај граѓаните.

— реклама —

„Кога казната е непропорционална со загубата, виновен станува не само сторителот, туку и самиот систем“, велат во обраќањето.

Тие нагласуваат дека осудениот повторно управува возило, без чувство на вина, што го сметаат за навреда за сеќавањето на Теодора.

— реклама —

„Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“, порачува семејството.

— реклама —

Иако понатамошниот правен пат зависи од Јавното обвинителство и можноста предметот да заврши пред Врховниот суд, семејството Ристовска најави дека нема да замолчи и ќе продолжи да бара одговорност.

„Правдата мора да биде видлива, опиплива и вистинска. Животот на Теодора не е бројка во досие — тоа е нашата вечна рана. И нема да престанеме да бараме правда, за да покажеме дека жртвите не се оставени сами“, стои во реакцијата на семејството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjtiqi40lpiko2oGQqA7

Тешка сообраќајка на излезот од Скопје: 25-годишна девојка се заби во банкина, итно пренесена во болница

Скопје | пред 4 дена

— реклама —
media-library124r0rjd7jse5fx0Soj

(Фото) Тројца повредени во вчерашната сообраќајка на мостот „Беласица“ — се судриле две возила

Скопје | пред 1 седмица

media-library124r0rjd7jse5fx0Soj

(Фото) Тешка сообраќајна незгода кај мостот „Беласица“, автомобил удри во бетонската ограда

Скопје | пред 1 седмица

media-library338aqv7tbj526zzci0A

(Видео) Сообраќајка меѓу автомобил и камион во Аеродром

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања