Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Казнети 140 возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library17k4rgcrt7s4diaywL3

Санкционирани се 140 возачи во рамки на акциската контрола што вчера ја спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава, насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

— реклама —

Контролата се одвивала од 17 до 22 часот, а најголемиот дел од констатираните прекршоци, односно 102, се однесуваат на управување без задолжително носење заштитен шлем — кацига. При контролите биле откриени и двајца возачи кои управувале под дејство на алкохол.

— реклама —

Најмногу прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Струмица — 33. Следуваат СВР Тетово и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата со 17 прекршоци, СВР Куманово со 15, СВР Битола и СВР Охрид со по 13, СВР Велес со 12, СВР Скопје со 11 и СВР Штип со девет прекршоци.

За прекршоците се преземени соодветни мерки и санкции согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека против осум возачи се поднесени кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

При акцијата биле констатирани и дополнителни 156 прекршоци од друг вид.

МВР најавува дека продолжува со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и апелира до возачите на мотоцикли, мопеди и останатите видови возила да ги почитуваат сообраќајните правила, задолжително да користат заштитна опрема и да не управуваат под дејство на алкохол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8qif71vsuieq0LYnl7E

(Видео) Тројца повредени по сообраќајката во Чаир, МВР со детали

Скопје | пред 2 часа

— реклама —
kokain

Македонски разузнавачки информации доведоа до заплена на 68 килограми кокаин во камион управуван од македонски државјанин во Франција

Македонија | пред 9 часа

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Седум возачи уапсени, четворица возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 11 час

media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Физички напади и закани врз малолетници во Штип, кривична за 15-годишник и 18-годишник

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања