Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Казни за 40 возила што вршеле јавен превоз: 14 имале неисправни сопирачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 7 до 12 часот била спроведена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

При контролата санкционирани се 40 прекршоци, од кои 14 поради неисправен уред за запирање.

— реклама —

Упатени на вонреден технички преглед биле 172 автобуси и други возила што вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 115 други видови сообраќајни прекршоци, соопшти МВР.

— реклама —

Најавија дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци, велат надлежните.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања