Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Казни за прекршување на полицискиот час во Битола, двајца ги злоупотребиле дозволите за движење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
bitola

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе пет предлози за издавање на казнени налози, сите поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не се придржувале кон мерките за ограничување на движењето, па иако не поседувале соодветни дозволи за движење, биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час.

— реклама —

Притоа, двајца од обвинетите минатиот викенд се движеле надвор од своите домови за време на полицискиот час, а при контрола на полициските службеници им презентирале дозволи за движење издадени од работодавачите. По извршените проверки било утврдено дека дозволите се злоупотребени, бидејќи издадените дозволи не содржеле овластување за движење на обвинетите лица во временскиот период и на подрачјата каде биле затекнати.

— реклама —

Јавното обвинителство предложи на сите петмина обвинети да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да биде определена во износ од 20 евра во денарска противвредност​.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања