Казни за угостителски објект во Скопје, четири лица кои седеле на иста маса, а не биле семејство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
restoran_mokum

Обвинителството предложи казни за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита од коронавирусот.

— реклама —

Обвинетиот како одговорно лице – управител на правното лице, не постапил според одлуките за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот. При контрола од службени лица, било констатирано дека во објектот не се почитува пропишаното задолжително растојание помеѓу масите и дека четири лица кои седеле на иста маса не биле членови на семејство, што е спротивно на донесените здравствени прописи.

Обвинителството на Судот му предложи на управителот на правното лице да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 20 евра во денарска противредност, додека пак за правното лице предложена е парична казна во износ од 100.000 денари.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања