Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кекеновски до Мицкоски: Глумите лудило, а имате помалку гласови од противникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski

Јове Кекеновски,член на Демократска фракција на ВМРО ДПМНЕ и еден од оние што заговараа бојкот на претседателските избори, упати порака до лидерот на партијата, Христијан Мицкоски и го повика да си замине од лидерското место:

— реклама —

,,Мицковски и компанија, Ве гледам глумите лудило и изнасилено наметнувате победничка еуфорија. Свесни сте дека немате освоено поголем број гласови од политичкиот противник, а се прогласувате за победници.  Заев сигурно дека е губитник, ама Вие не сте победници. Победници се граѓаните кои не ви веруваат ниту на едните, ниту на другите. А Вие бесрамно на штета на партијата продолжувате и понатаму да одработувате за политичкиот противник и за еврокомесарите во заминување. Јасна е Вашата цел. Најважен ви е спас на Вашите политички кариери и партиски функции,отколку граѓаните на Република Македонија или пак Гога – Јога за претседател. Немојте и понатаму да ја ставате партијата и граѓаните во заложништво само заради вашите лични интереси. Собирајте парталите и за доброто на Македонија заминувајте од партијата. Таа и припаѓа на поспособните, почесните, искрените патриоти и оние кои не калкулираат на дневна основа и не мамат перманентно Со изнасилено глумење еуфорија и учество во вториот круг свесно ја зацврстувате позиција на Заев и Пендаровски. П.С. Свесни ли сте дека имате освоено помалку гласови од последните избори при толку лоша власт. Ова е најлош резултат на партијата“-вели Кекеновски.

Тој во март повика на бојкот:

— реклама —

,, БОЈКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ, А НА ПОВТОРНО РАСПИШАНИТЕ ИЗБОРИ ПОБЕДА НА ВМРО ДПМНЕ.

1. Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ пред конвенцијата јавно укажа дека со изнасиленото фаворизирање на ,,либералниот-соросов-надпартиски” кандидат намерно се отпочнува процеcот на обезличување на ВМРО ДПМНЕ.

2, Со ваков кандидат ВМРО ДПМНЕ ја пропушти можноста со достоен претседателски кандидат од вмровска провиниенција и профилација да се врати на патот на пристојноста, патриотизмот, чесноста и достоинството и изворните принципи на партијата.

3. За Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ изјавата на Мицковски дека со ,,надпартискиот кандидат” ВМРО ДПМНЕ ќе освои 500.000 гласа во прв круг е поигрување и иронизирање со интелегенцијата на членството, симпатизерите и граѓаните на нашата држава, а во функција на реализација на задкулисни договори во четири очи со неговиот ,,лут” ривал“-напиша тогаш Кекеновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања