Професорот Јове Кекеновски го искоемнтира телевизиското интервју на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Кекеновски се осврна на делот со Кривичниот законик за кој Ахмети рече: „овој закон што го сменивме и припаѓа на законите на Југославија, значи дека е наследство од тогашната Југославенската Република“.
Кекеновски пишува:
„Во оваа прилика сакам да го потсетам Ахмети дека тој и ДУИ се во власта од 2002 година. Значи цели 21-22 години. Во самостојна Република Македонија Кривичниот законик за прв пат е донесен во 1996 година, па потоа се направени измени и дополни во 1999 година. Откако тој и ДУИ се во власта Кривичниот законик е изменет вкупно 27 пати ( ако добро сум избројал😊).
Овие 27 измени и дополнувања на законот се објавени во „Службен весник на Република Македонија"
П.С. Досега сите измени и дополни им ги правеа речиси истите луѓе (демек експерти) кои наликува на шнајдери. Каков „костум“ сакаа политичарите таков им кроеа. И сега од југословенско време бил законот“, напиша професорот.
