Професорот Кекеновски на својот Фејсбук профил напиша дека крајно време е за расчистување и одговорност на судиите, обвинителите и останатите функционери
„Со завршувањето на ненародните измени на Уставот на РМ и со промената на името од страна на 80 послушници, како и со останатите дејствија кои ги пропуштија или одмолчеа надлежните правосудни и други институции јавно ги поставувам следниве прашања:
Дали е потребно и понатаму да постои ова политизирно и недоследно СЈО кое се девалвира до крајни граници?
Дали со вакво правосудство односно со вакви судии и обвинители можеме да го изодиме патот кон ЕУ?
Дали со нашите одродени политичари кои повеќе мислат за својот џеб отколку за државата ќе си ја зачуваме државата“?
Тој бара одговорност и најстроги казни за несовесно работење на судиите, обвинителите и одговорност на корумпираните и одродени политичари кои сеуште ја креираат политиката во Македонија.
Граѓаните на РМ не заслужуваат да бидат сведоци на:
Корумпирано судство и обвинителство и корумпирани политичари, недговорно судство и обвинителство и недоговорни политичари, политичко судство и судии аналфабети и Селективна правда“, пишува Кекеновски.