Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Кекеновски: По се изгледа дека овој Мицковски е убеден дека овој народ ,,пие” нафта наместо вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
jove-kekenovski

Професорот Јове Кекеновски жестоко го искритикува барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за 80 пратеника, бидејќи така ќе можел да го врати името. Тој вели дека Мицкоски го надминал и неговиот ментор, Никола Груевски, кој бараше 61 пратеник, за да наводно не биде уценуван од ДУИ.

„Груевски бараше 61 пратеник за да не биде уценуван од ДУИ иако и откако ги доби постојано праваше непринципиелни отстапки кон нив само за да се одржи на власт.

— реклама —

Неговиот наследник Мицковски сега бара 80 пратеника за да го врател името!? Истиот тој Мицковски кога се ,,продаваше” името немаше храброст и не сакаше да го повика народот да излезе на протести за да се стопира отпочнатата постапка во Собранието. Дополнително свесно одработи да се избере претседател на државата кој ја поддржа промената на името.

— реклама —

Сега му текна со нова безочна и дрска манипулација да бара од граѓаните да му дадат 80 пратеници за да го врател името. Цццццццццц ваква девалвација на сопствениот народ немам видено од ниту еден политичар досега.

— реклама —

По се изгледа дека овој Мицковски е убеден дека овој народ ,,пие” нафта наместо вода. Бетер бил од неговиот политички опонент З.З. и од неговиот ментор претходник, напиша Кекеновски. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања