Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Кежаровски до Јанакиески: Пријателе, со чисто срце изразувам големо жалење за се што ви се случува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
tomislav-kezaroski

Новинарот, Томислав Кежаровски, кој беше осуден на 4 и пол годишна затворска казна за наводно оддавање идентитет на заштитен сведок, на социјалната мрежа фејсбук напиша дека сочувствува со зборовите на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој пред неколку денови рече:„Ова не е живот“.

„Без оглед на тоа што овие неколку редови можеби не ќе стигнат никогаш до вас, јас, првенствено како човек, морам да Ви кажам неколку работи…“, му пишува Кежаровски на Јанакиески.

— реклама —

„Не се слагав со Вас за многу нешта, а искрено и не Ви верував. Речиси ништо. На пример, не се слагав со “големата политика” што ја водеше Владата во која бевте министер, признавам дека баш ништо не му верував на “реформаторот” кој ни даваше превртена слика како во огледало и кој фрлаше сосем поинакво светло, а обичните луѓе ги ставаше во десети план… не верував ништо ниту за “Скопје 2014”…

— реклама —

Не верував господине Јанакиески во тоа што го правите и како го правите зошто ги познавав тие што беа во врвот.

— реклама —

Но, морам да истакнам дека за едно Ви верувам… И се колнам дека многу, многу Ви верувам…

Ви верувам кога велите дека тоа таму каде што моментно сте не е живот.

Тоа таму пријателе знам од лично искуство е под секое човечко достоинство.

Мене лично, не навлегувајќи во тоа дали сте сториле нешто или не, и дали ако нешто сте сториле тоа било ваша желба или само слепо сте ги почитувале наредбите на тие што биле погоре од вас во политичката хиерархија, на кои за жал многу им верувавте, Вашето одење таму не ми значи ама баш ништо.

Ниту Вашето ниту на било кого.

Без оглед на сета болка што ја чувствувам сите овие години

Вие големците, сите до еден, од тоа време, молчевте на многу неправди ама јас, не јас, туку ние, обичните луге, ја осудуваме секоја неправда, го осудуваме секое насилство и зло.

Пријателе, со чисто срце сакам да кажам дека изразувам големо жалење за се што Вам И на Вашето семејство Ви се случува“, пишува новинарот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања