Судот денеска ќе ја соопшти казната која ќе треба да ја издржи Зоран Милевски-Кичеец, откако вчера призна вина за предметот „Рекет“ кој го водеше Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Русковска го гони Кичеец за примање награда за правење противзаконито влијание, дело за кое пропишана е казна од 1 до 10 години затвор. Но, бидејќи Кичеец има повеќе олеснителни околности, тој може да добие и условна осуда. Тој исто така, соработуваше со Обвинителството и со помош на неговите искази се забрза истрагата.
Кичеец моментално е во домашен притвор