Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Киев ги отфрли тврдењата дека САД ја евакуирале амбасадата во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
thumbs_b_c_f218f15555346570cc9780f320fca65b

Министерството за надворешни работи на Украина ги отфрли тврдењата на Каја Калас дека амбасадата на САД била единствената дипломатска мисија што ја напуштила Украина по најновите закани од Русија.

— реклама —

Министерството нагласи дека американската амбасада не ја напуштила Украина.

„Извештаите за заминување на амбасадата на САД не се точни“, им изјавил на новинарите Георгиј Тихиј, портпарол на украинското Министерство за надворешни работи.

— реклама —

Претходно, пред неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија на Кипар, Калас изјавила дека американската амбасада била единствената што ја напуштила Украина по најновите закани од Кремљ.

— реклама —

„Исто така, вчера слушнавме од Украина дека сите амбасади останале освен една. Значи, тоа бара храброст од тие амбасади. Но да, сите Европејци останаа. Америка си замина“, рекла Калас.

Во меѓувреме, Украина тврди дека Русија спроведува кампања на дезинформации против балтичките земји, обвинувајќи ги дека ѝ дозволиле на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади врз Русија.

— реклама —

Калас ги критикувала и руските закани кон балтичките држави, оценувајќи дека обвинувањата од Москва се „целосна бесмислица“ и знак на слабост.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања