Со часови се чека од Стража кон Гостивар. Километарски колони со автомобили вечерва го запреа сообраќајот на патот кој од Охрид води кон Скопје. Од каменоломите речиси е невозможно да се движите со автомобилот, огромен број на граѓани се буквално заглавени на патот, објави курир.мк.
Порталот додава дека полиција нема никаде и покрај тоа што во овој дел од патот, возењето е ризично бидејќи несовесни возачи често претркуваат во лентата која вози во спротивен правец.