Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кина и Русија ја осудија американската „Златна купола“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarybh7g6jsg1a7qf00bIJf
Screenshot Youtube

Кина и Русија во заедничка изјава го осудија американскиот проект „Златна купола“ и можноста за поставување оружје во вселената, оценувајќи дека таквите планови претставуваат закана за глобалната безбедност и стратешката стабилност.

— реклама —

Станува збор за американски повеќеслоен систем за противракетна одбрана, развиен по примерот на израелскиот систем „Железна купола“, чија цел е откривање и пресретнување балистички, хиперсонични и крстосувачки ракети.

— реклама —

За разлика од израелскиот систем, американската „Златна купола“ би функционирала преку мрежа од илјадници сателити во орбитата и би покривала глобален простор.

Во заедничката изјава на кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин се наведува дека таквата технологија „претставува јасна закана за стратешката стабилност“.

— реклама —

„Со тоа значително се зголемува ризикот од конфликти во вселената, се поттикнува нејзина милитаризација и претворање во арена на вооружен судир, што е спротивно на принципите за мирољубиво користење на вселената“, се наведува во документот.

— реклама —

Москва и Пекинг оценуваат дека ваквите проекти дополнително ја влошуваат и онака сложената безбедносна состојба во светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања